Дали е оправдано? Пар ги лаже своите деца дека родендените им се на различен ден секоја година поради една бизарна причина

За повеќето луѓе, вашиот датум на раѓање е голем дел од вашиот идентитет. Покрај тоа што го диктира вашиот ѕвезден знак, тоа е еден ден од годината што го очекувате секои 12 месеци – што се однесува до тие посебни 24 часа, сè е за вас и се врти околу вас.

 

 

 

Според Аби Гај (26) и нејзиниот сопруг Калум (27), „лажењето на нивните деца“ за тоа на кој ден влегле на овој свет е најдобриот начин да им дадат брилијантен роденден на малечките.  Аби и Калум дошле до бизарна идеја за роденденска измена за да можат да се погрижат и двајцата да бидат таму кога нивните две малечки ќе ги слават нивните родендени.

 

 

 

Главно е виновен нивниот татко – бидејќи фудбалската кариера на Калум значи дека тој често тренира или игра натпревар кога се родендените на неговите деца. За да се спротивстават на овој проблем, парот решава да им каже на Ава и Џорџ дека нивните родендени се на различен ден одошто навистина се, за да можат сите четворица да слават заедно кога двојката ќе има слободно време.

Аби објасни: „Беше вториот роденден на Ава кога мојот сопруг не можеше да биде таму бидејќи имаше натпревар на гостински терен. Тогаш го започнавме ова. Никогаш не сакавме тој да пропушти повторно и никогаш не сакавме Ава да пропушти да го има нејзиниот татко таму на нејзиниот роденден. Како што стареат, јас целосно мислам дека нема да можеме да го правиме ова засекогаш. Сепак, додека се уште се толку млади, сакаме да ги направиме работите што е можно помагични со целото семејство заедно“.

 

 

Мајката од Нотингем, објаснила дека всушност нејзината мајка, Карла Бентли (49) ѝ ја дала идејата. Мајката на Аби, исто така, имала тешка работа поради која таа пропуштила многу  родендени, па таа го има направено овој трик претходно.

Аби вели дека имаат тенденција да ги преместат родендените на нивните деца во слободните денови на Калум. Таа ги сподели деталите за нејзината идеја во видео на „TikTok“ кое потоа стана вирално, за кое призна дека добила „мешани реакции“ од корисниците на социјалните мрежи.

Иако ова се случува во последните три години, Аби смета дека нејзините деца ќе го сфатат доброто од ситуацијата кога на крајот ќе им признаат.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *