Дали ги оставате децата сами дома? Доколку одговорот е „да“ оваа сликовница е она што му е потребно на вашето дете, а верувајте и вам

Децата често остануваат сами дома кога ќе дојдат до одредена возраст затоа што родителите нормално мораат да одат на работа. Сите ние сме останувале сами дома во одреден период од животот. Но, најчесто на родителите постојано децата им се во умот. Што прави дома и дали се снаоѓа.

Сега имаме брза комуникација и можеме речиси за сѐ да му помогнеме на детето преку телефон. Но што ако се наоѓа во ситуација во која вие не сте таму, а потребна е брза реакција? На пример пожар во домот.

Реномираниот психолог Мирјана Јовановска Стојановска вели дека  читањето сликовници го развива јазикот и емоциите и ги зајакнува односите со родителите. Сликовницата го збогатува речникот на читачот со нови зборови и го развива критично -аналитичко размислување.

 

„Сликовницата “Предизвик оган“ со својата содржина гради личност која е информирана и е во здрав контакт со околината во која што живее, свесна за опасностите кои дебнат во животот но и постоечите можности правилно да се реагира. Читајќи детето учи како правилно да зборува со другите, во секакви ситуации, од основни манири до разговори на различни теми“ – вели таа.

Но, исто така е важно дека децата најлесно учат преку сликовници и работи што им се забавни, нели?

Сликовницата „ Предизвик оган“ преку опис на различни ситуации и дијалози му покажува на младиот читател начини на однесување помеѓу другарите и кон постарите личности и животните.

Кликнете ТУКА и ќе ја имате сликовницата за многу симболична цена!

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *