Кардиохирург споделува четири работи што „апсолутно ги избегнува“ во животот, кои можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми
Медицински експерт ги сподели четирите работи што „апсолутно ги избегнува“ како кардиохирург и што предизвикуваат срцеви заболувања.
Срцевите и циркулаторните заболувања предизвикуваат четвртина од сите смртни случаи во светот. Таа загрижувачка статистика значи дека има многу повеќе смртни случаи предзвикани од нив, отколку што си мислиме.
„Коронарната срцева болест (КСБ; исто така позната како исхемична срцева болест) е најчестиот тип на срцева болест“, објаснуваат експертот.
„Тоа е најчеста причина за срцев удар и беше единствениот најголем убиец и на мажите и на жените ширум светот во 2019 година“.
Додека проценува какви превентивни мерки постојат, кардиохирургот д-р Џереми Е. Лондон (@drjeremylondon) се отвори за четирите работи што ги избегнува редовно, со цел да избегне вакви заболувања и проблеми.
Пушење

Лекарот вели дека пушењето е „најлошото нешто што можете да му го направите на телото“.
„Тоа ги уништува вашите бели дробови, предизвикува рак на белите дробови, високи кардиоваскуларни ризици, срцеви и мозочни удари. Не пушете“, рече тој во неодамнешното видео на „TikTok“.
Пиење алкохол

Д-р Лондон вели дека целосно го исклучил алкохолот и дека не жали за тоа.
„Алкохол. Го мразам, токсичен е“, вели тој. „Токсичен за секоја клетка во вашето тело. Ваше тело, ваши правила, вие одлучувате сами. За мене, лично, отстранувањето на алкохолот од мојот живот веројатно беше една од најтрансформативните одлуки што сум ги донел како возрасен“.
Конзумирање безалкохолни пијалоци

Харвард објави дека луѓето кои пијат повеќе од пет безалкохолни пијалоци засладени со шеќер неделно имаат поголема веројатност да имаат знаци на рана срцева болест во споредба со луѓето кои пијат само еден.
Без да даде многу објаснување за ова, д-р Лондон рече: „Безалкохолни пијалоци, течна смрт. Не ги пијте. Готово“.
Избегнување на леб и тестенини
@drjeremylondon 4 things I absolutely avoid as a cardiac surgeon #heartdoctor #health #heartattack #doctor #fyp
Д-р Лондон рече: „Четврто, избегнувајте леб и тестенини. Избегнувајте рафинирано брашно и пченица. 80 проценти од контролата на тежината е диета. 20 проценти се вежбање. Ви гарантирам, можете да правите секакви вежби, но важно е да бидете свесни за тоа што ставате во уста“.
Честа причина за срцев удар е високиот крвен притисок, кој за жал е поистакнат кај дебелите поединци.
Според СЗО, индексот на телесна маса (БМИ) над 25 се смета за прекумерна тежина, а доколку човек има над 30 е дебел.

Коментирај анонимно