Најстариот маж на светот, вчера наполни 112 години – кога го прашаа за неговата тајна на долговечноста, тој ги збуни сите со неговиот „метафорички“ одговор

Има ли некој меѓу нас кој не ја сака тајната за долг живот?

 

 

 

Aко 100-годишник ви каже да јадете сиров кромид и да се напиете виски, затоа што всушност тоа е тајната на долговечноста, ќе го направите ли тоа?

За жал, во оваа прилика тоа не е она што најстариот маж на светот го практикува за неговиот долг живот, тој има малку пометафорички сфаќања за тоа.

Џон Тинисвуд од Ливерпул наполни 112 години вчера на 26 август, што значи дека е роден во 1912 година.  Џон е доживотен навивач на „Ливерпул ФК“, што значи дека не само што ги гледал подолго од било кој друг – туку бил жив на 17 од нивните 19 освоени титули и сите осум нивни ФА купови. Тој е роден кога клубот имал само две децении.

 

 

Во интервју за Гинисовата книга на рекорди, Џон рече: „Искрено, не се возбудувам поради возраста. Веројатно затоа и ја достигнав. Едноставно го прифаќам тоа како и сè друго. Зошто живеам толку долго, немам поим“.

На прашањето дали има тајна за неговата долговечност, Џон даде кратка теорија.

„Не можам да се сетам на некои посебни тајни што ги имам. Бев доста активен како млад, пешачев многу. Дали тоа има врска, не знам. Но, за мене, јас не се разликувам од никого. Воопшто не се разликувам“.

 

 

По ова, тој повтори дека мисли дека тоа е прашање на случајност, а не некој конкретен избор на начин на живот, велејќи дека тоа е „само среќа“.

„Или живееш долго или живееш кратко, и не можеш многу да направиш за тоа“.

Кога го прашале за неговата исхрана, тој рекол: „Јадам што ми даваат, а исто така и сите други. Немам посебен режим на исхрана“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *