Вистината за политиката (виц на неделата)

За време на создавањето на светот, го создал Господ човекот, но не назначил кој да му биде главен орган. Се собрале органите и започнале расправа.
Мозокот рекол:
– Јас треба да бидам ваш претседател, затоа што јас ја водам работата на сите внатрешни органи!
Очите се спротивставиле:
– Ние треба да раководиме, затоа што ние им го покажуваме патот на сите во овој свет!
Срцето рекло:
– Ако е така, тогаш јас треба да бидам претседател, затоа што јас ја распоредувам и движам крвта, која им овозможува на сите органи да работат!
Стомакот рекол:
– Јас треба да бидам претседател, затоа што јас ве хранам сите!
Нозете се вмешале:
– Ние треба да бидеме претседател, затоа што ние ве носиме сите!
Одеднаш излегло г*мното и рекло:
– Само јас треба да бидам претседател и тоа ми следува природно!
Другите органи се згазиле од смеење. Г*мното се налутило и одбило да не излезе пет дена. Очите излегле од своите места, срцето дошло во прединфарктна состојба, стомакот блокирал, нозете не можеле да мрднат.
После петтиот ден, сите почнале да викаат:
– Г*мното нека биде претседател!!! Г*мното за претседател!
И од тогаш до денес секое г*мно сака да биде претседател!