350 неодоливи кучиња во Божиќни џемпери поставија нов светски рекорд
Ако идејата за кучиња во Божиќни џемпери не беше доволно симпатична, Save the Children и BorrowMyDoggy се здружија во текот на викендот за да го срушат светскиот рекорд со најмногу кучиња облечени во нивните празнични облеки. Неверојатни 350 хуманитарни кучиња во Батерсискиот парк, Лондон. Кучињата имаа неколку различни облеки, вклучувајќи костуми на Дедо Мраз, плетени џемпери и дуксери со Рудолф.
Претходниот рекорд беше срушен отккао во 2017 година се собраа 300 кучиња. Најинтересен е делот што поентата на овој настан е хуманата цел. Сите учесници, па и оние кои што ги придружувале и кои сакале да бидат дел од настанот донирале најмалку 3 евра кои оделе за хуманитарната организација посветена на децата „Save the Children“.