Светот останува на младите… Новиот тренд „ураган шот“, во кој пиете шот и ви маваат шамар, кај оваа инфлуенсерка тргна наопаку
Студентка по име Грејси беше нокаутирана од келнерка откако проба „ураган шот“ за прв пат.
Грејси, која нормално е главна атракција на ТикТок, сподели видео од инцидентот кое сега е прегледано над 7,8 милиони пати. Таа веднаш зажали што се одлучи да го проба овој популарен предизвик за пиење.
Во видеото, таа напиша: „Секако, ме нокаутираа со мојот прв и последен ураган шот“. „Ураган шот“ е кога некој пие шот алкохол, потоа го прскаат со вода и му удираат шамар. Многу иновативно нели?
За жал, во случајот на Грејси, келнерката ја удрила малку премногу силно, поради што таа паднала на подот. Во видеото се слуша како келнерката прашува: „Дали ја нокаутирав?“, додека пријателка ја теши Грејси и вели: „Добро си, добро си.“
Грејси подоцна објави ново видео за да ги информира сите дека е добро. Таа објасни дека никогаш порано не направила „ураган шот“, но „изгледало забавно“.
Сигурно мама и тато се горди на Грејси.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно