„Цел живот се борев да дишам – потоа го дувнав носот и од него излета парче Лего кое ми било заглавено цели 25 ГОДИНИ“

Енди Нортон од Аризона уште од детството се занимавал со проблеми со синусите и проблеми со дишењето.

Но, проблемот го открил со едно дување на носот под туш на возраст од 32 години – парче Лего му било заглавено во носот со децении.

Нортон бил шокиран кога слушнал како нешто паднало на плочките и погледнал надолу за да го види флуоресцентното жолто парче. „Одеднаш, сеќавањето на нешто што целосно го заборавив во мојот возрасен живот се врати кај мене“, рече тој.

 

Во 1998 година, повеќе од 25 години пред тоа, тогаш шестгодишното момче си играло со неговата Лего колекција кога помислило да стави едно парче во ноздрата. Тоа било мала, кружна жолта точка помала од зрно пченка.

„Само помислив дека можеби ќе можам да го заглавам во мојот нос. Не знам зошто го направив тоа“.

Паника настанала кога сфатил дека малата пластична точка е премногу мала за да ја дофати со прстите и да ја зграпчи.

Потоа дошол до уште една „брилијантна“ идеја: Да стави уште една мала фигура што ќе ја прицврсти за претходната и ќе направи една мала фигурина, и потоа ќе може да го извлече парчето.

„И, се разбира мисијата не беше успешна. Па сега и тоа парче ми се заглави во носот“.

Мајка му ја извадила фигурата со пинцета, не знаејќи дека останало мало парче. И така поминале речиси две децении.

 

„Целиот мој живот имам чувствителност на синусите, алергии и проблеми со конгестија. Бидејќи сум алергичен на мачки, кучиња, трева, многу од домашните дрвја и прашина, и отсекогаш сум бил изложен на една или повеќе од овие работи, го живеев мојот живот претпоставувајќи дека сите проблеми со застојот се едноставно предизвикани од алергии. Мојот доктор ми рече, со сувите, топли летни месеци, навистина е корисно да го дуваш носот додека си под туш, поради влажноста од пареата. Редовно го правам тоа во последните шест месеци… Денеска го дував носот под туш, и ете, издував една Лего точка која ми беше во носот 26 години“.

Сега, Нортон планира да го задржи парчето за спомен.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Ramiz напиша:

    Sega napni I od shupakot ke izlezi neshto

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *