Бебето хипо во зоолошката градина во Тајланд стана сензација преку ноќ, но тоа само докажува колку луѓето се нечувствителни

Моо Денг, бебето пигмејско хипо, стана сензација во зоолошката градина Кхао Кхео во Тајланд, каде што е родена, благодарение на големото внимание на социјалните мрежи — но сега, службениците ги молат нејзините обожаватели да ја почитуваат приватноста на ова слатко двомесечно хипо.

 

Посетители кои сакаат слава, доаѓаат во зоолошката градина надевајќи се дека ќе снимат сопствени видео моменти што ќе станат вирални, и се однесуваат лошо кога новороденчето повеќе сака да дремне отколку да биде активно, извести „Телеграф“.

 

Моо Денг морала да ги трпи невнимателните гости на зоолошката градина кои фрлале школки и други предмети кон неа, а некои дури ја прскале со вода за да ја разбудат.

„Овие однесувања не се само сурови, туку и опасни,“ рече директорот на зоолошката градина, Наронгвит Чодчои, во изјава објавена на интернет. „Мораме да ги заштитиме овие животни и да се осигураме дека имаат безбедна и удобна средина.“

Работите се влошиле до таа мера што зоолошката градина поставила безбедносни камери во просторот на Моо Денг и се заканила со правни последици за оние што нема да ги почитуваат правилата.

 

Популарноста на Моо Денг довела до двојно зголемување на посетеноста во зоолошката за време на викендите — од околу 3.000 посетители на речиси 7.000.

На светот останале само околу 3.000 вакви загрозени видови.

 

На интернет, видеа од Моо Денг, како само си игра и е своја, станале вирални поради нејзината слатка природа.

На Инстаграм профилот на зоолошката градина, видеа од ова милениче добиваат милиони прегледи, некои дури и до 30 милиони.

Дури и познати брендови како Сефора Тајланд се вклучиле во трендот. Козметичката компанија им порача на следбениците: „Носете руменило како бебето хипо.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *