Металски концерт не поминува без тепачка, но овој пат се степаа пејачот и гитаристот
Концертот на групата Jane’s Addiction во Бостон заврши ненадејно во петокот вечерта кога пејачот Пери Фарел почна да го удира гитаристот Дејв Наваро. Еден член од екипата се обиде да ги раздели двајцата, додека светлата се изгасија.
Фановите кои беа присутни на концертот во Бостон веќе имаа впечаток дека двајцата мажи се расправаа за време на настапот. Имено, Фарел му викаше на својот гитарист за време на песната “Mountain Song.” Jane’s Addiction оваа есен се на турнеја низ Северна Америка. Изгледа дека турнејата ќе биде „весела“!
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно