Втор обид за убиство на Трамп во рок од два месеци: Напаѓач со пушка и камера бил пронајден на голф терените на поранешниот претседател и е осомничен дека сакал да изврши атентат
ФБИ го истражува вториот обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп за само два месеци. Во неделата, Трамп веднаш беше пренесен на безбедно, откако пукаа во негова близина додека тој играше голф во неговиот клуб Вест Палм Бич. Осомничениот, идентификуван како Рајан Весли Рут, регистриран демократ, е приведен.
Осомничениот бил пронајден невооружен, бидејќи веќе преходно бил лоциран ранец, камера ГоПро и пушка АК-47 што вооружениот маж ги оставил кога побегнал од местото на настанот.
Трамп потврди дека е „безбеден и здрав“ и ги повика луѓето да не дозволуваат да се шират гласини. ФБИ го означи инцидентот како обид за атентат. Осомничениот бил забележан во близина на 5-та и 6-та дупка, област на патеката која се смета за ранлива, и имал пушка со голема моќност, која била пронајдена од полицијата. Истрели биле испукани околу 14:00 часот, но останува нејасно дали осомничениот пукал или дали истрели дошле од агенти на Тајната служба.
Ова следи по претходниот обид за атентат на Трамп за време на митингот во Батлер, Пенсилванија, на 13 јули, каде Трамп беше погоден од куршум. Стрелецот во тој случај, Томас Метју Крукс, беше убиен од агенти на Тајната служба.
Трамп, вознемирен од инцидентот, изјави: „НИКОГАШ нема да се предадам!“ Во меѓувреме, претседателот Бајден и потпретседателот Харис изразија олеснување што Трамп е неповреден, а Харис изјави дека „на насилството му нема место во Америка“. Властите сè уште ги истражуваат двата инцидента и не е јасно колку луѓе биле вклучени во нападот во неделата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
“nasilju nema mjesta u Americi” ….. a svako živ ima oružje ????? A psihopata na svakom koraku .
Коментирај анонимно