Чешање, често мокрење, рани што не зараснуваат – како високото ниво на шеќер во телото влијае на вашиот изглед?
Шеќерот е сладок непријател кој се прикрадува во нашите животи и го уништува нашето здравје. Прекумерното консумирање шеќер може да доведе до дебелина, дијабетес тип 2, па дури и до кардиоваскуларни болести. Но, како да ги препознаете знаците на високо ниво на шеќер во телото?
Експертите предупредуваат дека додадените шеќери, кои се наоѓаат во различни намирници, можат да бидат особено опасни. Ова е причината зошто тие препорачуваат да го намалите внесот на овие шеќери колку што е можно повеќе.
Но, како да знаете дали нивото на шеќер во вашето тело е превисоко? Излегува дека промените во изгледот може да бидат првите знаци на проблем. Доколку забележите дека мастите почнале поинтензивно да се таложат во проблематичните области, тогаш треба да се тестирате. Покрај тоа, зголеменото ниво на шеќер може да доведе до ксероза – прекумерна сувост на кожата, која станува погруба, склона кон чешање, лупење и пукање. И ако забележите дека раните и гребаниците не зараснуваат добро и ова може да биде сигнал за висок шеќер.
Пациентите со дијабетес се жалат и на дигестивни проблеми, замор, промени во расположението, честа жед и мокрење. Сите овие симптоми може да бидат знаци дека вашето тело се бори со високо ниво на шеќер.
Па што да се прави? Експертите препорачуваат да го намалите внесот на додадени шеќери и да се фокусирате на природните извори на шеќер, како што е овошјето. Исто така, важно е редовно да го проверувате шеќерот во крвта и да посетувате лекар при првиот знак на проблем.
Коментирај анонимно