10 кратки вицови за брзо полнење со позитивна енергија

Македонец на работа:
До пладне ми се јаде, после пладне ми се спие, а цело време знам дека не ми плаќаат доволно!

– – – – – – –

– Честитки! Од далеку се гледа дека си се оженил! Кошулата ти е перфектно испеглана!
– Ааа, да! Тоа е првата работа што ме научи жена ми!

– – – – – – –

Толку нагло преминување од ладно пиво на греана ракија – не памтам.

– – – – – – –

– Дедо попе, денес жена ми беше кај тебе на исповед. Дали ме изневерува? Можеш ли да ми кажеш?
– Чедо мое, тоа е тајна. Не смеам да ти ја кажам. Само внимавај, кога излегуваш, да не турнеш некоја икона со роговите!

– – – – – – –

– Запомни, синко, треба да бидеш искрен и внимателен со жените.
– Што значи да бидам искрен?
– Да си ги исполнуваш ветувањата.
– А внимателен?
– Да не ветуваш.

– – – – – – –

– Брат, што си се замислич толку?
– Решавам тука еден крстозбор „Човек кој е должен да ги дава сите пари што ќе ги заработи на друг човек, само за да добие храна” со три букви – што е тоа?
– Да не е „РОБ“?
– Абе и јас мислам дека е „РОБ“, ама се чудам зошто жена ми напишала „МАЖ“

– – – – – – –

Трите најретки појави во светот:
– Кружна молња.
– Двојно виножито.
– Три каси да работат во КАМ.

– – – – – – –

Полицаец кон млада дама зад воланот.
– Пивте ли нешто?
– Да, млеко.
– Дувнете, да провериме. Опааа! 2,8 проценти масленост!

– – – – – – –

Итно се бараат хемичар и физичар, за да објаснат како најдтешката тиња во Македонија исплива на површината.

– – – – – – –

Некои политичари се како мис на Македонија. Никој не ги сака, а секогаш се избрани.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *