Мајката- феномен, Надја Сулеман, која роди 8 деца одеднаш, стана баба на 49 годишна возраст. Еве како изгледа нејзиното семејство сега!

Надја Сулеман, позната како „Октомaм“, стана баба на 49 години откако нејзиниот син доби девојче. Таа ја сподели веста на „Инстаграм“ со фотографија од стапалото на нејзината внука, изразувајќи им благодарност на синот и снаата за новиот „додаток“ во семејството.

 

 

 

Сулеман се стекна со слава во 2009 година кога ги роди првите 8 близнаци во светот одеднаш, користејќи ин витро оплодување. Пред нив, таа родила и други шест деца, сите преку ин витро. Нејзиниот лекар за плодност, д-р Мајкл Камрава, ја загуби лиценцата откако ѝ имплантирал 12 ембриони одеднаш, одлука што се коси со стандардите за вештачко оплодување. Надја подоцна тврдеше дека била заведена, верувајќи дека ќе има само 2 близнаци.

 

 

 

И покрај нејзината кратка медиумска слава, која вклучуваше појавувања на големи емисии како што се д-р Фил и шоуто на Опра Винфри, Надја на крајот се оддалечи од центарот на вниманието. Таа сподели дека одлуката е водена од нејзината желба да биде подобра мајка за нејзините деца, особено откако видела дека нејзината најстара ќерка го имитира нејзиното однесување од минатото.

 

 

Сега таа живее мирен живот во округот Оринџ, Калифорнија и продолжува да се фокусира на своите 14 деца. Во неодамнешна објава на „Инстаграм“ таа ги пофали нејзините деца за нивната добрина и љубов што ѝ ја пружаат секојдневно.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *