НАСА пронајде карпа со зебрасти риги на Марс: „Ова е знак за возбудливи откритија коишто доаѓаат“

Неколку работи во вселената се едноставно црно-бели – но, оваа бизарна карпа сигурно е.

„Mars Perseverance Rover“ на НАСА откри чудна црно-бела карпа на Марс, што ги запрепасти и научниците и интернетот. Агенцијата вели дека ова може да биде „знак за возбудливи откритија кои доаѓаат“.

 

 

 

Членовите на тимот ја забележале карпата во далечина „со навестувања за необична текстура“ на слики со ниска резолуција додека возеле низ „терен со камења“. По поблиска проверка, тие го измериле напречно-пругастиот камен со ширина од приближно 20 сантиметри и го нарекле „Замокот Фреја“.

Раните толкувања сугерираат дека топењето, движењето и ладењето на магмата и лавата можеби ги создале лентите на карпата, бидејќи магматските карпи се формираат кога врелата, стопена карпа се кристализира и зацврстува. Марс бил вулкански активна планета со милиони години, што можело да создаде средина во која би можела да се формира оваа карпа.

 

 

„Оваа карпа има текстура за разлика од која било досега видена во кратерот, а можеби и на целиот Марс“, велат од агенцијата.

Роверот првпат слета во кратерот на Марс во февруари 2021 година и бара карпи кои би можеле да дадат информации и увид во античката историја на Марс – а „Замокот Фреја“ е само најновото откритие.

 

  • Васе напиша:

    Откриле карпа!? Браво за НАСА! Тресат зелени…
    Вчера гледав емисија за Плутон. Прикажаа слики од „New Horizons“ леталото на НАСА кое наслика 370 фотки во боја 2015! И… Веднаш шпекулации… На површината се гледаат „патеки“, на крајот на истата, као некое животно кое личи на полжав!? Бидејќи температурата на Плутон е -240 степени, пак шпекулација, можеби се снашле???

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *