Човек се откажал од луксузот на неговиот секојдневен живот и заминал да живее на пуст остров цели 300 дена – сето тоа го документирал на камера!

Еден Швајцарец поминал речиси една година сам на пуст остров откако неколку месеци се подготвувал за живот во дивината.

 

 

 

Во септември 2008 година, Ксавиер Росет ја напуштил удобноста на домот во Вербие за архипелагот Тонга во средината на Тихиот Океан. Сноубордерот, Ксавиер го избрал малиот вулкански остров Тофуа, 1.600 километри оддалечен од Нов Зеланд. Тофуа е практично ненаселена област.

За да остане на островот десет месеци, Ксавиер понел швајцарски нож, мачета, неговиот сателитски телефон, медицински комплет и соларен панел за да ја наполни батеријата за неговата камера и да ја ажурира својата веб-страница. Во 52-минутното видео кое го прикажува неговото искуство со екстремни временски услови, инфекции на кожата и сомнителни избори во исхраната, тој рече дека сега веќе не верува дека некогаш повторно ќе се впушти во ваква авантура.

 

 

 

Пред да се насели на островот, Ксавиер истакна дека најважното нешто за него би било да „остане зен“ и „да остане смирен“.

„Што и да се случи, јас ќе бидам сам“, вели тој.

За да си помогне во својата мисија, Ксавиер го донел „Знамето на мотивацијата“ – бел лист со пораки од неговите пријатели и најблиски.

Ксавиер, исто така, сретнал фармер од соседниот остров кој бил на Тофуа со пријател за да одгледува растение наречено кава, чии корени прават релаксирачки пијалок. Ксавиер му помогнал на еден од двајцата мажи кој си го пресекол прстот и ја негувал повредата користејќи го комплетот за прва помош што го носел со себе. За возврат, фармерите му подариле куче за да му прави друштво, а менталното здравје веднаш му се зајакнало.

 

 

Но, крзнениот пријател не бил единственото животно со кое се сретнал Ксавиер на островот. Ксавиер нашол и бебе црно женско прасе во стапицата што ја поставил. Меѓутоа, за неколку минути откако ја запознал свињата, тој се откажал од идејата да ја направи својата вечера и ѝ дал прекар „Пиги“. Ја вратил во својот камп, па дури и изградил живеалиште и му станала пријател. Но, по некое време Пиги избегала во дивината. Што се однесува до кучето, Ксавиер го вратил со себе на блискиот остров откако го напуштил Тофуа.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *