Добар имунитет, сјајна кожа и уште 6 придобивки од омилениот летен десерт, дињата
Дињата, позната по својот сладок, е омилен летен десерт. Сепак, покрај нејзиниот убав вкус, дињата е преполна со хранливи материи кои имаат корист за здравјето на различни начини.
Една порција од 170 грама диња содржи 153 калории, 16 грама јаглени хидрати и забележителни количини на витамин Ц, калиум и влакна 1,4 гр. Исто така, обезбедува витамин Б6, фолна киселина и мали количини на магнезиум и калциум.
Здравствени придобивки
Добар имунитет
Дињата е богата со витамин Ц и антиоксиданси кои ги штитат клетките, го намалуваат воспалението и ја зајакнуваат имунолошката функција.
Метаболичко здравје
И покрај природните шеќери, дињата го поддржува метаболичкото здравје, потенцијално намалувајќи го ризикот и компликациите од дијабетес тип 2.
Здравје на срцето
Растителните влакна во дињата помагаат во намалување на апсорпцијата на холестеролот, додека содржината на калиум го поддржува здравиот крвен притисок.
Здравје на цревата
Со големи количини вода и влакна, дињата го помага варењето и ја промовира работата на цревата.
Здравје на кожата
Витаминот Ц го поттикнува производството на колаген, промовирајќи поздрава и сјајна кожа.
Хидратација
Со 90% содржина на вода, дињата помага во одржување на хидратацијата и со калиумот кој го поддржува електролитниот баланс.
Здравје на очите
Каротеноидите како лутеинот и зеаксантинот во дињата го поддржуваат здравјето на очите и може да ги забават очните болести поврзани со возраста.
Управување со тежината
Нискокалорична и богата со вода, дињата ги поддржува напорите за одржување на тежината.
Коментирај анонимно