Сликата што со децении им висела во дневната соба, а жената велела дека е „ужасна“ испаднала дека е оригинал од Пикасо и е вредна 6 милиони евра

Луиџи Ло Росо ја пронашол сликата во 1962 година додека расчистувал подрум во куќа на Капри, Италија. Сликата имала потпис од Пикасо во горниот лев агол, но Луиџи не ја препознал.

Тој ја замотал и ја ставил во евтина рамка, па ја закачил на ѕидот во својата дневна соба во новиот дом во Помпеја со децении, иако на неговата сопруга не ѝ се допаѓала.

 

Години подоцна, неговиот син Андреа ја проучувал енциклопедијата за историја на уметност што му ја подарила неговата тетка. Забележал дека потписот на сликата личи на оној на Пикасо.

Семејството тогаш побарало совет од неколку локални експерти, вклучувајќи го и детективот за уметност Маурицио Серачини. По месеци истражувања, графологот Чинција Алтиери од фондацијата Аркадија потврдила дека потписот навистина е на Пабло Пикасо и дека сликата е оригинална.

Таа рече: „Нема сомнеж дека потписот е негов.“ Сликата, која се смета дека е насликана помеѓу 1930 и 1936 година, сега е проценета на околу 6 милиони евра.

Се верува дека сликата претставува изобличен портрет на француската фотографка и сликарка Дора Мар, која била љубовница на Пикасо до нивното раскинување во 1945 година.

 

За жал, Луиџи починал пред сликата да биде потврдена како дело на Пикасо, но неговиот син Андреа ветил дека ќе ја продолжи мисијата на својот татко.

Андреа, сега на 60 години, изјави: „Мојот татко беше од Капри и собираше ѓубре за да го продава за без пари. Ја пронашол сликата пред да се родам и немаше поим кој е Пикасо.“

Тој додаде: „Не беше многу по културата. Додека читав за делата на Пикасо во енциклопедијата, ја погледнував сликата и ја споредував со неговиот потпис. Му велев на татко ми дека е сличен, но тој не го гледаше тоа. Како што растев, постојано се прашував. Мојата мајка не сакаше да ја чува сликата; таа постојано велеше дека е ужасна,“ додаде Андреа.

 

Шпанскиот уметник Пабло Пикасо (1881-1973)

Сликата сега се чува во трезор во Милано додека семејството се обраќа до фондацијата Пикасо во Малага, Шпанија, за да добие конечна потврда за нејзината автентичност.

Пикасо создаде повеќе од 14.000 дела пред да почине во 1973 година.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *