После 31 година конечно заврши популарниот лов на богаство во Франција – ловот започна во 1993 и броеше илјадници учесници кои бараа був направен од дијаманти
Популарниот лов во кој луѓето бараа закопано богатство во Франција цели 30 години конечно заврши. Познат како „По трагите на златниот був“, ловот започна во 1993 и броеше илјадници учесници кои требаа да најдат статуа од був направена од злато, сребро и дијаманти.
Мишел Бекер, кој ја изработил статуата објави дека конечно е откриена, предупредувајќи ги другите да не копаат повеќе. Статуата вреди околу 165.000 долари.
За да ја пронајдат, учесниците требаше да решат 11 загатки од книгата, а потоа да ја пронајдат и решат 12-та, скриена загатка која води до токен кој ја открива локацијата на главната награда.
Коментирај анонимно