Канје Вест повеќе не ја СОБЛЕКУВА Бјанка Ценсори: Контроверзниот пејач и неговата жена се разделиле пред неколку недели, а можен е и развод!
Канје Вест и Бјанка Ценсори наводно се разделиле уште пред неколку недели, а можно е и да следи развод. Извори блиски до парот тврдат дека двајцата се разделени некое време, при што Канје е во Токио, а Бјанка во Австралија. Вест наводно им кажал на пријателите дека е подготвен да биде сингл, но сè уште нема конкретна причина за разделбата.
Парот, кој се венча во декември 2022, кратко по разводот на Канје со Ким Кардашијан, последен пат бил виден заедно на 20 септември во Токио. Бјанка често патуваше со Канје, поддржувајќи го на неговите „Vultures Listening Parties“, но во последно време тоа не се случува.
Канје има четири деца со Ким Кардашијан, која наводно побарала од него Бјанка да се облекува поскромно околу децата. Тие како пар беа познати по нивното „модно шоу“ на улиците низ светот, кадешто без срам Бјанка ги покажуваше своите облини во несекојдневни комбинации.
Неодамна, Канје најави нов албум насловен како „Bully“ на концерт во Хајкоу, Кина, и изведе нова песна наречена „Beauty and the Beast“. Сепак, се уште нема потврден датум за издавање на албумот.
Коментирај анонимно