„Поминав ужасна ноќ во Амазон – се разбудив во распарчен шатор нападнат од овие ужасни напаѓачи“

Мислевте дека мравките кои ви го нападнале пикникот се досадни? Пол Росоли, американски конзервационист и истражувач на Амазонија, го сними застрашувачкиот момент кога џиновски мравки му го уништуваат шаторот за време на една ноќ помината во џунгла.

 

 

 

„Еве ја една од најлошите епизоди во мојата работа“, ја опиша авантуристот сцената од ноќната инвазија која се случила додека кампувал во перуанскиот Амазон.

„Ѕидовите беа дупнати и јас бев заглавен од екстра-голем фестивал на инсекти. Не спиев воопшто,“ додаде Росоли, кој често ги споделува своите авантури од Амазонија со своите 1,1 милион следбеници на „Инстаграм“. Видеото го покажува изморениот авантурист како се обидува да заспие во 2 часот наутро, додека неговиот шатор го напаѓаат мравки-листосекачи, вид познат по собирање лисја. Овој пат, наместо лисја, мравките решиле да изгризаат големи делови од материјалот на шаторот и да го однесат со себе.

„Има околу 10 милиони мравки-листосекачи надвор од овој шатор“, се пожали Росоли. „Сè што прават е го дупчат мојот шатор и го носат со себе во текот на ноќта“

Росоли изјави дека во еден момент мравка го каснала за увото и се обидела да го „однесе со себе“. Ако тоа не е доволно, големите дупки дозволиле уште поголеми суштества да се инфилтрираат во шаторот како дел од ентомолошка опсада.

 

 

 

 

„Ова е тоа што значи кампување во дивината во вистинската смисла на зборот,“ рече тој. „Понекогаш го поставувате шаторот на погрешно место и мравките-листосекачи и боговите на џунглата одлучуваат дека ќе ја имате најлошата ноќ“.

Росоли има поминато речиси 20 години работејќи на заштита на загрозените екосистеми ширум светот. Тој е основач на организацијата Junglekeepers, која се посветува на зачувување на перуанскиот Амазон од заканите од рударството, сечењето дрва и криволовот.

 

 

 

Тој ги документирал своите авантури во Амазон во книгата „Мајката на Бог“, а се појавил и во „Joe Rogan Experience“ и „Lex Fridman podcast.“

Во епизода на „Discovery Channel“ во 2014 година, насловена како „Изеден Жив“, Росоли се согласи да биде проголтан од анаконда.

„Бев на момент од тоа да ми се распрснат ребрата,“ рече авантуристот, кој носел специјално заштитно одело за овој подвиг. Тој конечно се откажал откако змијата почнала да му ја проголтува главата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *