Сите сме домаќини кога сакаме с*кс! Исчистете си ја спалната соба, ако имате во план „акција“ во неа, препорачуваат експертите

Експертите велат дека ако вашиот сексуален живот е лош, треба да се обидете да ја исчистите вашата спална соба.

 

 

„Студиите покажуваат дека нередот го убива либидото. Неуредниот и неорганизиран простор може да предизвика стрес, што не е добро за вашиот сексуален живот“, објаснува сексуалната едукаторка Портија Браун за „Гардијан“ .

„Можеби ќе се најдете како размислувате додека трае чинот: „Зошто не ги пружав алиштата?“ наместо да се фокусирате на задоволството“, рече таа.

 

 

 

Кам Фрејзер, советник за машко здравје и секс, изјави дека спалната соба треба да биде „како мало светилиште“, без какво било одвлекување од неред или стрес. На овој начин, вие и вашиот партнер може да се чувствувате опуштено и подготвени да бидете интимни.

„Ако имате валкани алишта на креветот, барем ставете сè во шкаф, затворете му ја вратата и наместете го креветот“ – и не носете ја вашата долга листа на задачи во кревет.

 

 

Експертите, исто така, рекоа дека може да има уште една, изненадувачка причина зошто вашиот сексуален живот можеби страда – премногу се гушкате. Оној што не сака да се гушка може да почне да се чувствува задушено. Ако вашиот партнер се повлече од физичката наклонетост, вклучително и од сексот, тоа може да доведе и до проблеми во врската.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *