Бездомник изгледа непрепознатливо, откако љубезен бербер решава да му ја среди „ужасно заплетканата коса“

Џошуа Сантјаго стана интернет сензација, патувајќи низ САД со неговиот подвижен берберски салон „Empowering Cuts“. Тој е на мисија да обезбеди бесплатни фризури за бездомниците, носејќи со себе мал салон кој вклучува телевизор и тоалет во неговиот комбе.

По повод Светскиот ден на бездомниците денес, неговиот TikTok профил се наполни со 459.000 следбеници кои ги следат неговите трансформации.

Едно видео, покажува човек кој очајно имал потреба од фризура. Клипот собра повеќе од 35.400 лајкови и речиси 800 коментари, додека Џошуа откриваше како косата на човекот била толку заплеткана, што изгледала како лошо поставена перика.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *