Богаташите на бродови се „бркаат“ со ураганот Милтон: Крузерот „Сан Принцес“ со 100 патници на него ја смени рутата и испрати луѓе да се спасуваат со хеликоптери
Крузен брод крај брегот на Флорида направил промена на рутата, со стотици патници на него, со цел да го избегне ураганот Милтон.
„Сан Принцес“ требало да се закотви во Порт Еверглејдс, Форт Лодердејл, но поради зголемените предупредувања за ураганот Милтон, бродот останал покрај брегот. Пристаништата во Јужна Флорида, вклучувајќи ги Тампа и Сарасота, беа затворени додека илјадници луѓе се евакуираат од областа.
Езра Фриман, која работи на бродот, споделила објава на „Фејсбук“, наведувајќи: „Требаше да пристигнеме во Форт Лодердејл за да ја завршиме трансатлантската пловидба, но поради овие урагани сите пристаништа во Јужна Флорида се затворени“.
Бродот застанал на 15 километри од пристаништето за да се евакуираат тројца патници со хеликоптер. По првата евакуација, итните служби преминале на транспорт со чамци.
„Сан Принцес“ беше на пат да ја заврши првата трансатлантска пловидба по неговото деби во февруари 2024 година. „Принцес Круиз“ објавија дека поради ураганот Милтон, сите пристаништа во Јужна Флорида се затворени до понатамошно известување.
Милтон, кој првично беше ураган од категорија 1, сега е надграден на категорија 5, со ветрови до 165 милји на час, што предизвикува хаос во областа на Тампа Беј.
Бродот отпловил од Саутхемптон, Велика Британија, на 23 септември за 16-дневна трансатлантска пловидба. „Сан Принцес“, со тежина од 177.882 тони, може да прими до 4.300 гости и 1.600 членови на екипажот.
Коментирај анонимно