Мама заборави на другото бебе: Тазе татко вели дека сфаќа зошто мажите изневеруваат жалејќи се дека жена му го игнорира неговото постоење откако се породила

Новопечен татко не може да се носи со промените што доаѓаат па поради тоа „може да види зошто мажите изневеруваат“ додека се жали дека неговата сопруга „целосно го игнорира неговото постоење“ откако го дочекале нивното бебе.

Тој ја напиша својата објава на X (Твитер), каде што доби толку негативни коментари што на крај мораше да го избрише профилот.

 

Тој тврдеше дека најтешкиот дел од тоа да има новороденче во куќата е како тоа влијаело на неговата романса со жена му. Тој ги изрази своите фрустрации поради тоа што неговата сопруга не се „интимизирала доволно“ со него од раѓањето на нивното дете.

Тој, исто така, рече дека разбира зошто другите мажи им стануваат неверни на своите сопруги откако дочекале бебе.

„Мојата прва ќерка е стара осум недели. Можам да видам зошто мажите изневеруваат во овој момент. Мојата сопруга целосно го игнорираше моето постоење во првите неколку недели и моравме да се караме само а да примети дека постојам, а да не зборуваме за интимност. Тоа е најголемиот предизвик. Бебето е лесно“.

 

Луѓето во коментарите го нападнаа велејќи дека со ваков човек не треба да се има дете и дека најчесто во првите шест до осум недели на жените им е кажано да немаат секс.

„Дали сте сериозни дека одма сакате да имате секс кога таа само што истурка цело бебе низ неа??!“

„Овој начин на размислување за самосожалување е неподобен сопруг и татко“, додаде друг корисник.

„Друже мој, ти гарантирам дека твојата сопруга го занемаруваше сопственото постоење и потребите во тие осум недели“, гласеше еден твит.

Па, што мислите вие?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *