Можете ли да замислите како ќе звучи тенискиот натпревар ако сите играчи се озвучени? Епа не замислувајте, слушнете ги Ѓоковиќ и неговите колешки кои „се згазија“ од смеење

Ако некогаш сте слушнале како се игра тениски натпревар, тогаш сте свесни за сите грофтања и стенкања што се случуваат кога играчот ќе ја удри топката. Обично тие звуци се пригушени од растојанието така што звучат многу помалку…несоодветно. Но не беше така и на овој пријателски натпревар.

 

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка се соочија со Стефанос Циципас и Марија Сакари на хуманитарен натпревар во двојки пред Австралија Опен 2024 година. И тие си ја тераа својата работа, но одекна поинаква веселост во атмосферата кога звуците од играчите кои ја удираа топката одекнуваа низ трибините на децибели на кои повеќето не се навикнати.

 

На снимката објавена на Редит, Ѓоковиќ може да се слушне смеејќи се како вели: „Ова ќе биде толку добро“, додека Сабаленка дава се од себе за да не пукне во хистерична смеа кога се обидува да не испушта звук удирајќи ја топката. Ѓоковиќ ја задева својата соиграчка: „Аааа ајде, славна си по тоа“, на што таа му одговара „Луѓето ќе си заминат одовде ако почнам да бидам гласна“. Двојката едвај додржа да не се изнасмее, натпреварот мора да продолжи.

Четворицата играчи ја удираа топката напред-назад, звучејќи како да се случува „мало попладневно уживање“, што предизвика публиката и играчите да пукнат од смеа. Навистина не може да се пропушти како звучи овој тениски натпревар.

Или тој што им стави микрофони на играчите знаеше на што ќе личат звуците па го направи ова како практична шега, или уште подобро, не знаеше и сите беа изненадени.

Tennis players mic’d up.
byu/IkilledRichieWhelan inContagiousLaughter

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *