Од долга коса до фраерска фризура: Бербер бесплатно шиша деца со посебни потреби, а со начинот на кој ги смирува покажува како мали работи може да направат голема разлика во нивното искуство

Шишањето е прилично типичен дел од животот, но таа вообичаена активност може да биде голема работа за некои луѓе. Како на пример за децата со посебни потреби. На некои деца им е тешко да седат мирни или пак се претерано стимулирани од светлата, звуците и чувствата што доаѓаат од шишањето.

 

Вернон Џексон , сопственик на „The Gifted event“ стана познат по неговата способност да ги потстрижи децата со посебни потреби на начин на кој се чувствуваат безбедно. „The gifted event“ е програма што Џексон ја води од неговата берберница која овозможува бесплатно шишање за деца со посебни потреби.

Неодамна, Џексон постави видео кое покажува како тој ги води младите клиенти низ процесот на шишање. Малиот Хари доаѓа на шишање и може да се види двоумењето на Хари. Пред да го качи Хари на столот, Џексон го омекнува тонот додека го охрабрува момчето да направат да пукне. На секој чекор од патот, Џексон бара дозвола од момчето пред да направи нешто. И начинот на шишање е пример за како со трпение се постигнуваат многу работи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *