Поглед во животот на Кети Хумелс: „Сакам да се бакнувам кога сум пијана, мојот поранешен маж е легеда на Бундеслигата и се имам сликано за „Плејбој“

„Долго се борев со својот изглед“, призна Кети Хумелс.

 

Кети беше поубавата половина на германскиот освојувач на Светското првенство, Матс Хумелс, во текот на славните денови на легендарниот дефанзивец. Таа стоеше покрај својот партнер додека тој го освои светот во 2014 година и стана легенда на Бундеслигата. Меѓутоа, нивната љубов избледе, па тие се разделија во 2022 година.

„Разведена сум, повеќе или помалку сум самохран родител. Не беше ова мојот сон на 25 години“, призна Кети во шоуто „Краусе Комт“.

 

 

 

По разделбата, Кети донела храбра одлука да се фотографира за „Playboy“: „Правам што сакам. Никогаш не го прифатив својот изглед. Имам 35 години и само сега можам да кажам: Си се допаѓам себеси. Би сакала да се чувствував така и порано. Имав операција на градите бидејќи не се чувствував како жена“.

Кети изгради кариера како телевизиски водител и дополнително заработува преку социјалните мрежи. Убавицата има над 690.000 следбеници на „Инстаграм“, каде ги воодушевува обожавателите со своите провокативни фотографии.

„Обожавам да се бакнувам кога сум пијана. Сексот не е важен, не ми е гајле. Во такви ситуации, љубам и жени. Тогаш само сакам да се бакнувам“.

 

 

 

Иако нејзините коментари можат да сугерираат дека е промискуитетна по природа, Кети потоа истакна дека е резервирана кога станува збор за состанувањето.

„Можам да ги избројам на една рака“, одговори таа кога ја притиснаа за нејзиниот „број на партнери“.

 

 

Кети не се откажува од љубовта и додека беше на Октоберфест, потврди дека е во потрага по нов маж: „Да, барам нови искуства. Онлајн запознавањето не ми одговара“, рече убавата манекенка.

 

 

„Обично чекам тие да ми пријдат. Зарем јас да го правам тоа?“

  • Nekoj напиша:

    Naslovot e cv od droljava ?? 😂😂

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *