Кина и сѐ е можно: Камион се претвора во сала за свадба за само 6 минути
Во последниве години, рурална Кина забележа необичен феномен: камиони кои се претвораат во сали за свадби. Овие иновативни возила стануваат сè попопуларни меѓу локалното население кое сака да организира возбудливи и незаборавни настани.
Неодамна на кинеските социјални мрежи се појави видео на кое се гледа како еден од овие камиони се претвора во сала за свадба за само шест минути. Сепак, како што се испостави, овие неверојатни машини постојат долго време. Тие најпрво се појавија во Монголија, каде што веднаш се здобија со популарност, а потоа се проширија во соседните провинции вклучувајќи ги Хејлонгџијанг, Џилин и Гансу. Денес тие можат да се најдат во пооддалечените области: северен Шанкси, северен Хебеј и западен Шандонг.
Камионите се идеално решение за руралните жители кои сакаат да организираат свадба, локален фестивал или забава. Внатрешниот дизајн на овие мобилни соби потсетува на класичен ресторан: има клима уреди, големи екрани за проекција, како и аудио и караоке опрема. Недостасува само кујна, па храната треба да се подготви однапред и да се донесе на местото.
Сопственикот на еден од овие камиони, Лиу, вели дека изнајмувањето на неговото возило долго 17,5 метри чини околу 8.000 јуани (околу 1.150 долари) за два дена. Иако ова носи добар профит, Лиу забележува дека ќе биде потребно време да се поврати инвестицијата од 700.000 јуани (околу 100.000 долари) за купување на камионот. Во зависност од модификациите, цената на таквите камиони може да надмине 1 милион јуани (141.000 долари).
Коментирај анонимно