Нова мисија на НАСА започна со истражување за вонзенмски живот на месечината на Јупитер, Европа

НАСА е сериозна во врска со потрагата по вонземски живот, дури и во нашиот Сончев Систем.

 

 

Во понеделникот, на ракетата „Falcon Heavy“ на „SpaceX“, агенцијата лансираше вселенско летало кон Европа, месечината на Јупитер.

Мисијата на НАСА, наречена Европа Клипер, има за цел да открие дали месечината Јупитер и нејзиниот океан би можеле да поддржат живот. Тоа е најголемиот меѓупланетарен вселенски брод што НАСА некогаш го изградила. Сондата е висока околу 5 метри и тежи три и пол тони.

Дури и ако нема живот на Европа, оваа мисија е клучна во потрагата по вонземски живот, бидејќи океанските светови низ галаксијата се главните кандидати за живот. Мисиите како Европа Клипер се „модерни катедрали“, вели Лори Лешин, директорка на лабораторијата за млазен погон на НАСА, која го изгради вселенското летало.

 

 

„Ние научниците сонувавме за мисија како Европа Клипер повеќе од 20 години. Работевме да ја изградиме 10 години“, додаде таа на брифингот за мисијата во септември. „Ќе поминат уште 10 години, бидејќи Јупитер е толку далеку“.

Леталото мора да патува 1,8 милијарди километри за да стигне до Јупитер, добивајќи поттик од гравитацијата на Марс на патот. Планирано е да пристигне во април 2030 година.

  • Васе напиша:

    Јупитер има 95 месечини, а Европа е 6. Нема ветер, нема облаци, гравитација 13% од таа на Земјата.
    Со температура од -160 степени и -220 степени на екваторот, може да се најдат КУП вонземјани???

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *