Сад ме видиш, сад ме не видиш: Оливија Родриго падна во дупка на сред настап

Оливија Родриго доживеа непријатен момент. Нејзините стихови станаа реалност кога таа падна низ отвор на сцената за време на нејзината турнеја Guts World Tour во Австралија.

 

21-годишната пејачка, позната по „bad idea right?“, настапуваше во Rod Laver Arena во Мелбурн на 13-ти октомври, кога одеднаш исчезна откако случајно стапна на дупка на сцената.

Публиката вознемирено гледаше, но Родриго повторно се појави на сцената и се пошегува за падот.

„О, Боже, тоа беше забавно! Јас сум добро“, рече добитничката на Греми низ смеа додека стануваше. „Понекогаш едноставно има дупка во сцената“, повторно се насмеа. „Но, сè е во ред.

 

 

 

Обидувајќи се да се смири, пејачката на „Vampire“ длабоко вдиша и праша: „ОК, каде застанав? Како сте вечерва, Мелбурн?“

Родриго брзо се врати во форма и го заврши концертот без дополнителни инциденти. Подоцна таа се пошегува за падот на TikTok.

Објавувајќи видео од моментот, го наслови со „#subtleforeshadowing“.

Таа сè уште има неколку концерти во Австралија: еден во Мелбурн и четири во Сиднеј.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *