Го обожавате McRib на Мекдоналдс? Направете домашна копија со само пет состојки што ќе ве чини 80 денари
McRib се врати на менито на McDonald’s после скоро 10 години, и фановите се возбудени. Популарниот сендвич, кој првпат се појави во 1981 година, е достапен од вчера (среда, 16 октомври), но ќе биде достапен само кратко време, па побрзајте ако сакате да го пробате.
Томас О’Нил, кој е одговорен за менито на McDonald’s во Обединетото Кралство сподели: „Ова е повеќе од сендвич; тоа е феномен. Ги слушнавме нашите фанови – петициите и барањата на социјалните мрежи – и после речиси една деценија, сме возбудени што го враќаме овој иконски производ“.
Сепак кај нас го нема Мекдоналдс, а доколку сте обожавател на McRib тогаш оваа домашна верзија на Ник Дру ќе ве воодушеви. И тоа само за 1.30 евра по порција односно 80 денари, што е огромна заштеда за разлика од цените во на било кои сендвичи денес.
Еве го рецептот на Ник за „копија“ McRib:
Состојки (за еден):
2 свински колбаси
60g висококвалитетен скара-сос, загреан
1 бело лепче
4 кисели краставички
10g исечкан бел кромид
Упатство:
- Загрејте малку масло во тава на средна температура. Извадете го месото од обвивката на колбасите и формирајте правоаголна плескавица, отприлика колку големината на вашето лепче.
- Гответе ја плескавицата 3-4 минути од секоја страна или додека не се испече целосно. Ако сакате подебела плескавица, користете уште еден колбас.
- Додека плескавицата се готви, малку потпечете го лепчето во тостер, на скара, или во истата тава по готвењето на плескавицата.
- Кога плескавицата ќе биде готова, потопете ја во топлиот скара-сос, ставете ја на долното лепче, па над неа ставете кисели краставички и кромид. Поклопете со горното лепче и уживајте.
Коментирај анонимно