Од жртва до херој: Мис Канзас јавно го посочи својот насилник додека беше на сцената, поради кој била жртва за семејно насилство со години (ВИДЕО)

Многу жртви на семејно насилство изразуваат поддршка за победничката на натпреварот за Мис Канзас, откако таа јавно посочи кој е нејзиниот насилник кој бил во публика на настанот.

 

Алексис Смит, избрана на 8 јуни 2024 година од 26 учеснички за да ја претставува државата Канзас на натпреварот за Мис Америка 2025, говореше за својата иницијатива „Повратено почитување“.

„Мојата визија како следната Мис Канзас е да ги елиминираме нездравите и насилни врски“, рече Смит на сцената. „Некои од вас ме видоа многу емотивна бидејќи мојот насилник е овде денес. Но, тоа нема да ме спречи да бидам на оваа сцена и да ја претставувам мојата заедница како следната Мис Канзас. Јас и мојата заедница заслужуваме здрави односи. Заслужуваме живот без семејно насилство“.

 

 

 

Во видеото споделено на TikTok, новата Мис Канзас напиша: „Повратено почитување“ значи враќање на сопствената моќ и цврсто стоење на нозе. На вечерта на изборот на Мис Канзас, моето патување неочекувано се промени кога некој од кого се лекувам се обиде да ми го наруши мирот. Наместо да молчам, одлучив да ја остварам мојата визија за подобар свет. Ја вратив мојата моќ – не само за себе, туку и за моите соништа и за сите што ме гледаа и слушаа“.

„Подготвена сум да ја искористам мојата приказна, алатките и ресурсите за да ставам крај на нездравите односи во сите форми,“ додаде таа. „Мојот глас и моето застапување ќе ги охрабрат сите да си ја повратат сопствената моќ на уникатен начин“.

Жртвите на насилство и луѓето ширум светот ѝ изразија поддршка и восхит на новата Мис Канзас.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *