Паркурист пробува да „украде“ што е можно повеќе телефони од случајни минувачи за 40 секудни за да докаже колку всушност е тоа лесно за крадците (ВИДЕО)

Паркур експерт „украл“ еден куп телефони на луѓе во центарот на Манчестер за да докаже колку брзо и лесно може да се направи тоа.

31-годишникот трчаше низ центарот на Манчестер и се сними како ги грабнува телефоните од рацете на несречните луѓе, а додека тие сфатат што се случило, тој веќе беше далеку од нив.

Експертот за паркур го прави ова од 16 години, но неодамна одлучи да се предизвика себеси, откако прочитал извештај од Мет полиција во Англија во кој се вели дека во 2022 година во Лондон се краделе телефони на секои шест минути.

„Беа потребни околу 10 обиди затоа што сакав луѓе во кадарот во вистинско време, а едно момче за малку и ќе ме фатеше“.

Пред да почнете да се грижите дека Адам прави еден куп злосторства заради содржината, тој всушност е договорен со „случајните минувачи“ да им ги украде телефоните како дел од видеото Тоа не ги спречи некои случајни минувачи да помислат дека тој вистински ги краде телефоните на луѓето, а некои луѓе во коментарите мислеа дека „ќе оди во затвор“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *