Забега светот: Девојка на повик отркива изненадувачки тренд, се повеќе сопруги ангажираат придружнички за да ги „контролираат“ мажите во изневерувањето
28-годишната ескорт-работничка, Катија Кортез, вели дека забележала значителен пораст во бројот на жени кои ги користат нејзините услуги за своите партнери.
Кортез изјави дека постојат три главни причини поради кои жените ги закажуваат овие сесии. Некои сопруги сакаат да организираат тројка, други го прават тоа за да прослават специјални настани како годишнина, а некои ангажираат придружничка како начин да се справат со сопрузи кои имаат историја на неверство.
Кортез спомнала дека кога станува збор за тројки, обично сопругите ги преземаат работите во свои раце.
„Жените се скоро секогаш тие што први ме контактираат за да направат резервација. Тие секогаш го спомнуваат тоа уште во нашиот прв разговор,“ рече таа.
Таа исто така рече дека жените се директни и јасни во своите барања.
„Обично барањето е нешто како: „Здраво, мојот сопруг и јас сме вечерва во градот. Дали си слободна да ни се придружиш?“ или „Здраво, дали прифаќаш парови? Мојот сопруг и јас би сакале да те видиме“, или нешто слично“ .
Кортез изјави дека овие видови резервации станале почести и сега добива барем една резервација за парови секој месец.
Таа исто така забележала дека за време на тројките „сопругата е центарот на вниманието“ и ретко кога сопругот е во фокусот.
„Само еднаш ми се случило сопругата да сака нејзиниот сопруг да проба нови работи со мене, но тој не сакаше бидејќи се чувствуваше виновно,“ рече таа.
Кога станува збор за настани, Кортез објаснува дека обично е повикана за да се прослават родендени, годишнини и други големи настани.
„Обично треба да има некој специјален настан за тие да можат да организираат да некој ги чува децата или да резервираат соба во градот. Тоа им овозможува да се опуштат и да направат нешто спонтано заедно“, вели таа.
Другата причина зошто сопругите ја повикуваат е за она што таа го нарекува „контролирано неверство.“
„За некои парови, станува збор за тоа што јас го нарекувам контролирано неверство, каде што двајцата знаат дека еден од нив, или и двајцата, би имале тешкотии да останат верни“ објасни Кортез.
„Во овие ситуации, тоа им дава шанса да пробаат нешто ново или да изневеруваат со дозвола, додека двајцата се присутни и можат да го надгледуваат тоа што се случува“.
Кортез верува дека сопругите ангажираат придружнички бидејќи знаат дека ескорт-работничката нема да се вмеша емоционално.
„Кога велам дека го надгледуваат, мислам на тоа дали се користи кондом? Колку е интимен сопругот? Сопругите можат да ја контролираат ситуацијата за да бидат сигурни дека сè што се случува е со професионалка која е тука за парите, а не за да им го украде партнерот или да предизвика емоционална драма,“ додаде таа.
Коментирај анонимно