Шок за познатиот фудбалер Винисиус – си го истетовирал името на детето на раката, што потоа излегло дека не е негово
На 8 октомври, поранешната девојка на бразилскиот бек и поранешен играч на „Реал Мадрид“, Винисиус Тобијас, Ингрид Лима, роди девојче по име Мајте.
Во 2022 година, сега 20-годишниот фудбалер потпиша договор од 8 милиони долари со „Шахтјор Доњецк“ пред да биде земен на позајмица од „Реал Мадрид“, а во 2021 година, тој беше прогласен од „Гардијан“ како еден од 60-те најдобри млади таленти ширум светот. Тој се врати во „Шахтјор“ за почетокот на оваа сезона и играше пет пати во сезоната 2024/25.
И покрај неговата разделба од Лима, Тобијас мислел дека бебето е негово и решил да го истетовира нејзиното име на раката, покрај зборовите „те амо“ („те сакам“ на португалски).
Сепак, Лима оттогаш се огласи на социјалните мрежи за да објави дека Тобијас не е биолошкиот татко на Мајте. Во објавата споделена со нејзините 130.000 следбеници на „Инстаграм“, таа напиша: „Дојдов да дадам изјава за нешто што станува досадно и што, за жал, ќе морам јавно да излезам за да ви дадам објаснување. Винисиус и јас не сме заедно некое време. За тоа време бев во врска со некого, а исто и тој. И двајцата продолживме со нашите животи. Во меѓувреме дојде и Мајте. Решивме да направиме ДНК тест, а Мајте не е ќерка на Винисиус“.
Тобијас допрва ќе го коментира резултатот од ДНК тестот.
По ова, Лима ја повика јавноста да престане да го напаѓа Тобијас, наведувајќи дека тие ги решиле работите спогодбено.
„Искрено барам да престанете да го напаѓате, на мое барање беше да не присуствува на породувањето и да не објавува ништо за Маите додека не излезе резултатот“, рече таа.
„Винисиус и јас веќе седнавме и разговаравме пријателски“.
Коментирај анонимно