„Се возев во такси без возач – бев исплашена, но тоа е толку добра футуристичка иновација!“
Жена сподели искуство од нејзиното возење во возило без возач, нова иновација на „Тесла“, која планира да лансира „Cybercab,“, такси без возач, управуван од вештачка интелигенција. Иако овие футуристички возила не се уште вообичаени, некои области, како Феникс, Аризона, и Лос Анџелес и Сан Франциско, веќе воведоа робот-такси.
За време на нејзината посета на Сан Франциско, Кали Томпсон (@kalithompson) одлучила да проба едно, документирајќи го своето искуство на „ТикТок“ со наслов: „Бев многу исплашена” Таа објаснила: „Во Сан Франциско можете да повикате „Убер“, без возач”.
Откако автомобилот тргнал, Кали рекла: „Морам да ставам појас”.
Корисниците на „ТикТок“ ја пофалија иновацијата, велејќи дека возењето изгледа безбедно. Сепак, некои изразија загриженост за концептот, поставувајќи прашања што би се случило ако автомобилот одеднаш не функционира.
Naredno ostana… seksualni odnosi bez polovi organi
Коментирај анонимно