8 минути слатки интервјуа со „зборлести“ животни кои ќе ви ја згреат душата – и да, повеќето сакаат да го изедат микрофонот (ВИДЕО)
Дали некогаш сте се запрашале кој би бил идеалниот партнер за лемурот? Или омилената храна на лисиците?
Благодарение на еден профил на „YouTube“ со симпатична смисла за хумор, ќе бидат одговорени сите прашања. Па, можеби не сите прашања. Но, во најмала рака, ќе имате осум минутни слатки интервјуа со животни.
Во серијата насловена „Интервјуа со мал микрофон“, Маја Хига им приоѓа на малите „ѕверови“ со толку мал микрофон што мора да го држи само со палецот и показалецот. И да, 99% од животните се обидуваат да го гризнат.
Сите егзотични „интервјуирани минувачи“ се дел од „Zoo To You Conservation Ambassadors“ во Калифорнија. Спасени или предадени од илегалната трговија со домашни миленици или трајно повредени, овие животни добиваат постојана грижа и стануваат дел од образовната програма на „Zoo To You“.
Самата Хига работи како рехабилитатор на дивиот свет и многу од нејзините содржини на социјалните мрежи вклучуваат слатки животни. Хига исто така основаше своја непрофитна организација наречена „Alveus“, која, како и „Zoo To You“, делува како егзотично засолниште за животни и виртуелен образовен центар.
Коментирај анонимно