„Јас ја имам најгрдата тетоважа на светот, за малку ќе заплачев кога ја видов“

Тешко е да се носи титулата за „најлоша тетоважа“ досега, но една девојка се колне дека нејзината тетоважа е најгрдата тетоважа што ја видела.

Мари Армстронг, вели дека секојдневно се бори со солзи поради малата полуизлупена банана која е истетовирана на нејзиниот прст.

Во видео споделено на нејзиниот профил во февруари, Мари, која веќе има неколку тетоважи, ја покажа бананата, велејќи дека никогаш претходно не зажалила за тетоважа, до оваа последна.

 

Таа истакна дека пред една година си направила тетоважа на банана на нејзиниот прст, но целосно избледела. Сепак, забележа дека тоа не било необично, бидејќи и претходни тетоважи на прстите морале да бидат повторувани неколкупати пред да останат.

„Но оваа избледе целосно, веднаш штом ја направив. Не можеше ни да се препознае што е. Дури не ја сметав за тетоважа. Па кога моето момче ми кажа дека има закажано термин за тетоважа кај уметник кој е навистина добар решив да одам со него и повторно да ја направам мојата банана.“ рече Мари.

Мари раскажа дека кога стигнале во студиото, никој не зборувал англиски, а главно зборувале шпански, што не го разбирала.

„Не знаев што се случува,“ призна таа.

Меѓутоа, бидејќи се работеше за едноставна тетоважа, не се грижела многу и му покажала слика на уметникот од тоа што го сакала.

Уметникот потоа започнал да ја црта тетоважата слободно, без шаблон – што не ја загрижило бидејќи била мала – но кога го видела конечниот резултат, рече дека била на работ на солзи.

„Се обидувам да не плачам. Знам дека овие се мали, смешни и неважни тетоважи, и можеби на тебе не ти е важно како изгледаат, но мене ми е.“

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *