„Го излажав сопругот за бројот на партнери со коишто сум спиела пред него. Тој беше вознемирен за бројката што му ја кажав, а вистината е дека се многу повеќе. Дали да му признаам отворено?“
„Среќно сум мажена со мојот сопруг веќе две години. Се запознавме кога бев во моите доцни 20-ти години и се венчавме кога имав 31. Никогаш претходно немав сериозна врска, и често патував поради работа – па ќе признаам дека сум спиела со доста луѓе пред да се запознаеме. Не дека некогаш сме разговарале за тоа.
Минатата недела, сепак, мојот сопруг ми рече дека неговиот најдобар пријател открил колкав е „бројот на партнери“ на неговата девојка и бил шокиран од вкупната бројка. Неговата девојка признала дека спиела со 20 луѓе, бројка што мојот сопруг и неговиот пријател ја сметале за „екстремно висока“.
Потоа, од љубопитност, ме праша колкав е мојот „број на партнери“. И, откако ја слушнав неговата згрозеност од бројката 20, решив да го излажам. Малку испаничена, кажав дека не сум спиела со повеќе од 15 момчиња.
Испадна дека мојот сопруг беше вознемирен дури и за таа пониска бројка – и призна дека смета дека „толку многу“ сексуални партнери е малку непријатно. Но, вистината е дека сум спиела со повеќе од 50 мажи, толку многу што веќе не се ни сеќавам на точниот број.
Сега не знам што да правам. Дали да останам при мојата лага и само да се надевам дека темата никогаш повторно нема да се спомне? Или да прифатам дека, ако мојот сопруг има проблем со бројот на моите поранешни љубовници, тогаш можеби тој не е вистинскиот за мене?“
Мотика, не се предавајте!
Можете вие и поубави глупости да измислувате!
А господинот колку партнерки имал? Ццц, најлесно е да судиш друг…
Коментирај анонимно