Како култниот филм од 1985 година, „Враќање во иднината“ ги предвиде сегашните и идните научно- технолошки изуми?
Кога „Back to the Future“ беше објавен во 1989 година, публиката беше изненадена од изгледот на филмот. Денес, 35 години подоцна, можеме да сфатиме колку се точни предвидувањата на овој култен класик за технолошката еволуција.
На 21 октомври 2015 година, според заплетот на филмот, Марти МекФлај и Док Браун се враќаат во долината Хил откако патувале назад во времето од 1985 година. Во овие сцени, гледачите видоа летечки автомобили, чевли кои сами се врзуваат и други футуристички гаџети. Додека патувањето низ времето на Делореан останува фантазија, научниците велат дека во „Враќање во иднината“ има повеќе наука отколку фантастика.
Едно од најимпресивните предвидувања на филмот беа слушалките за виртуелна реалност. Во сцените каде што семејството на МекФлај ги користи огромните очила за пристап на Интернет и телефонски повици, гледаме нешто што ќе стане реалност само децении подоцна. Првите комерцијално достапни VR слушалки, како што е „Oculus Rift“, се појавија дури во 2016 година, но современите уреди како „Apple Vision Pro“ попрецизно го одразуваат она што е прикажано во филмот.
Друго извонредно предвидување е холографската технологија. Во филмот, Марти се среќава со џиновска холографска ајкула во киното. Денес, холограмите се користат во емисии како што е „Abba Voyage“, каде виртуелните проекции на уметници настапуваат заедно со музичари во живо. Иако холограмите сè уште не станале секојдневна практика во кината, нивниот развој е во полн ек.
Филмот го предвиде и доаѓањето на мобилните плаќања. Во една сцена, Марти користи уред кој наликува на модерен „iPad“ за да донира за зачувување на саат-кулата. Идејата за испраќање пари онлајн, некогаш изгледаше футуристичка, но стана вообичаена со доаѓањето на „PayPal“ и бесконтактните плаќања.
Биометриските системи за идентификација, како што се скенерите за отпечатоци од прсти, исто така го најдоа своето место во нашиот свет. Иако првиот комерцијален модел со оваа технологија се појави дури во 2004 година, денес речиси секој паметен телефон е опремен со препознавање на лица или отпечатоци од прсти.
Сепак, не се остварија сите предвидувања на „Back to the Future“. Ховербордите, кои станаа симбол на футуристичкиот транспорт, сè уште се сон. Тековните обиди за создавање такви уреди се соочуваат со сериозни ограничувања. Летечките автомобили, кои требаше да станат секојдневна реалност, исто така се далеку од реалност, иако некои компании работат на концепти кои би можеле да го променат начинот на кој размислуваме за транспортот во наредните години.
По пристигнувањето во иднина, Док му кажува на Марти: „Отидов во клиника за подмладување каде имав целосно природна козметичка операција! Отстранија неколку брчки, ми ја вратија косата, ми ја променија крвта и ми додадоа добри 30-40 години во животот. Ми ги заменија и слезината и дебелото црево“.
Идејата за клиники за подмладување, каде што може да се продолжи животот и да се врати младоста, исто така останува во доменот на фантазијата. Иако научниците работат на методи кои можат да го продолжат животот, реалната можност за операција за враќање на младоста се уште не е можна.
И покрај некои неостварени фантазии, филмот не тера да размислуваме за иднината. Можеби за 35 години ќе видиме многу од преостанатите нереализирани идеи како стануваат реалност.
Коментирај анонимно