„Бљак фактор“ – што навистина ги тера мажите и жените да си заминат од првиот состанок со потенцијален партнер и никогаш да не помислат на втор?
Сигурно некогаш сте биле на состанок кој оди одлично, се додека потенцијалниот партнер не направи нешто толку непријатно што би ве натерало веднаш да си заминете? Или можеби излегувате со некого, работите стануваат сериозни, и одеднаш добивате чудни чувства?
Тогаш веројатно сте го доживеале познатиот „бљак момент“. На македонски тоа би се превело како нечија постапка или ситуација што буквално може да ве извади од кожа. По неколку нови истражувања се дојде до заклучок дека луѓето генерално ги „вадат од кожа“ исти работи.
Изненадувачки, валканата облека или претераното пушење не се меѓу најчестите проблеми. Затоа, жените навистина не сакаат премногу напорни мажи, додека пак мажите не сакаат „непримерна“ облека кај жените.
Па, што ги тера жените да побегнат од првиот состанок и да не помислат на втор? Социјалните мрежи се преплавени со видеа кои ги набројуваат најразличните причини, но оваа анкета ги издвои најчестите:
- Прерано станување премногу интимни во разговорот (22%)
- Лоша лична хигиена (18%)
- Прекинување во разговорот (10%)
- Пушење (8.99%)
- Лажно претставување (8.5%)
Дополнителни спомнати причини вклучуваат опсесија со возрасни содржини, постојано спомнување на поранешните партнери, претерано објавување селфија со филтри и лајкување фотографии од модели на „Инстаграм“.
Каква е ситуацијата кај мажите? Некои од најчестите причини се:
- Непримерна облека за состанок (17.66%)
- Лош став (15.18%)
- Опсесија со астрологија (14.09%)
- Лош однос кон други жени (12.54%)
- Лоша хигиена (9.18%)
Други причини вклучуваат пушење, немање хобија, висок или лажен глас, не носење ташна на прв состанок, претерано пцуење и вештачки усни.
Истражувањето покажа дека лошата хигиена е проблем за двата пола, додека некои помали причини се многу специфични, што најчесто укажува на лоши искуства во минатото.
I really wanted to make a quick remark to be able to say thanks to you for these marvelous ways you are giving on this site. My time intensive internet search has finally been honored with sensible points to go over with my two friends. I ‘d believe that we readers actually are extremely fortunate to exist in a useful site with so many wonderful individuals with beneficial secrets. I feel somewhat fortunate to have encountered your entire website page and look forward to so many more awesome moments reading here. Thank you again for a lot of things.
Коментирај анонимно