Робот кој свири на виолончело и има човечки раце го шокира светот со настапот со симфониски оркестар

Светот на класичната музика беше потресен откако симфониски оркестар настапи со робот кој свиреше на виолончело.

Фановите мислеа дека древната уметност, која со векови се поврзува со делата на Бах, Бетовен и Моцарт, нема да биде засегната од појавата на роботи. Но, шведскиот композитор Јакоб Мулрад ангажираше еден робот како солист.

Роботот го зазеде централното место на сцена за време на изведбата на новото дело на Јакоб наречено Veer, кое се одржа во Концертната сала Малмо во неговата родна земја. Солото на роботот ги воодушеви фановите и останатите музичари.

 

Јакоб изјави дека сега го гледа виолончелото „на друг начин“, неограничено од способностите на човечки музичар.

Во еден момент, машината – која има раце слични на човечки – случајно произведе хармоничен звук кој композиторот го опиша како „навистина убав“.

„Иако користиме роботи, музиката сè уште има способност да изненадува. Виолончелото стана друг инструмент за мене благодарение на овој робот“ рече тој.

Тој планира да го однесе роботот на турнеја во САД во декември оваа година.

  • dimce напиша:

    Odis na koncert na nekojsi dj i cela vecer uzivas vo muzikata gledajki go nego kako vrti nekolku dugmina od miksetata,e i ova ke bidi slicno na toa.Grupa od muzicari,vokal,dobra muzika,nivnata umesnost na istrumentot,vodena od vokalot-nema podobro custvo i polnenje na baterite kako koncert.

  • vorbelutr ioperbir напиша:

    Wow that was odd. I just wrote an incredibly long comment but after I clicked submit my comment didn’t show up. Grrrr… well I’m not writing all that over again. Anyway, just wanted to say fantastic blog!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *