Врвно достигнување за една девојка! „Имам спиено со барем еден фудбалер од сите клубови во Премиер Лигата – знам трик како тие да ми пишат први“
22-годишната Елса Тора вели дека има излезено со барем еден фудбалер од сите 20 клубови во Премиер Лигата. Мислам тоа е големо достигнување нели?
Но, сега оваа навивачка на Хал Сити ја откри својата најнова амбиција – да го заведе по еден од најпознатите, најзгодните и најплатените млади фудбалери во земјата од секој клуб во Премиер Лигата. Тоа би било прилично импресивно достигнување кое би можела да го раскажува на своите внуци!
„Претпоставувам дека ќе биде светски рекорд кога ќе го направам, не сум сигурна дали ќе го признаат во официјалната книга,“ се пошегува Елса.
Но, сепак за среќа Елса има предност бидејќи веќе ги испитала тие терени нели.
„Правам предизвик да спијам со фудбалер од секој клуб во Премиер Лигата, досега сум успеала со три тима“
И кои се тие тимови, се прашувате? Е па, не дозволувајте да се каже дека Мотика не ги поставува најважните прашања.
Првите на списокот се Челси, Арсенал и Лестер.
Елса откри како изгледале тие три состаноци и објасни дека без разлика каде живеат фудбалерите, тие секогаш сакаат да се сретнат во истиот град.
„Сметам дека состаноците со фудбалери се најпријатни, секогаш се трудат да ме импресионираат и, секако, имаат пари за трошење, па секогаш е одлична ноќ во некој луксузен хотел. И да, секогаш е во Лондон. Дури и кога живеат на север, секогаш сакаат да се сретнат во Лондон“.
Тоа не значи дека Елса не би прифатила малку патување за романтична вечера со фудбалер од Њукасл.
Па како планира да излегува со фудбалери од сите клубови во Премиер Лигата? Излегува дека Елса развила стратегија на социјалните медиуми што досега ѝ помага. Значи Елса ја бидува за стратегии кога станува збор за вакви работи.
„Досега секогаш тие ми пишувале први, можеби ќе треба да лајкнам неколку објави и сториња на Инстаграм за да им го привлечам вниманието. Забележав дека секогаш кога сум станала вирална со содржина поврзана со фудбал, секогаш добивам неколку приватни пораки и лајкови од фудбалери, па ќе треба да продолжам со тоа“.
Но Елса рече дека фудбалерите што сакаат да ја поканат на романтична вечера најчесто се на почетокот од својата кариера.
Елса коментираше: „Секогаш се помлади фудбалери, никогаш не ми пишал фудбалер постар од 26 години, но не би рекла „не“. Ако некој 34-годишен резервен голман е заинтересиран, не дискриминирам“.
Како изгледа типичен состанок со фудбалер од Премиер Лигата?
Елса одговори: „Беа малку различни, со еден отидовме директно во хотел бидејќи веќе некое време си пишувавме. Но, со сите состаноците ни беа во хотел, се разбира, не сакаат многу внимание. Еден од нив ми понуди да ме однесе во Дубаи, но не можев да одам бидејќи веќе имав планови“ Колку романтично…
Сигурни сме дека Елса ќе нè информира за нејзината лична „мисија“ со состаноците, а ние нема да спиеме додека не дознаеме со колку фудбалери спиела таа.
Коментирај анонимно