Часовникот ќе чука ако има мајстор што ќе го поправи: Црква во Англија за малку ќе платела 80.000 долари за поправка, сѐ додека не дошле двајца момци и поправиле за 5 минути бесплатно

Пред 12 години, во 12:02 часот, часовникот во централната кула на Гримзби Минстер, во источна Англија, престанал да работи. Црквата, изградена во 12-тиот век, ја добила кулата во 1365 година. Кога експерти кои работеле на обновата на Биг Бен ја процениле поправката, соопштиле дека ќе биде потребно скеле и трошок од околу 60.000 до 80.000 долари. Црквата се плашела дека ќе мора да организира голема хуманитарна акција за да го собере потребниот износ.

 

 

Но, двајца градежни работници, Рик Хејвуд (47) и Џеј Фоли (15), имале друга идеја. Додека вршеле редовно одржување на ѕвоната, одлучиле да го проверат часовникот.

„Не мислевме дека можеме да направиме поголема штета“, рекол Хејвуд. Тие нашле мртви гулаби кои ги блокирале лежиштата, а делови од механизмот биле многу суви и со искривени запчаници. По чистењето и подмачкувањето со масло и „WD-40“ од 12 долари, часовникот повторно почнал да работи.

 

 

Чудото што го направиле не ги чинело 80.000 долари, туку само 12 долари за две лименки „WD-40“ и малку труд. Иако часовникот сега доцни две минути, црковниот надзорник е повеќе од задоволен од нивната работа, истакнувајќи дека се спасени значајни средства.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *