Ова мало канадско гратче е подготвено да избере нов градоначалник, арно ама никој не ја сака функцијата и работата
Малото гратче Кајл во Канада се подготвува за локални избори, закажани за неколку недели, но постои еден мал проблем – никој не сака да биде градоначалник.
Со само 400 жители, Кајл досега бил познат по откритието на 12.000 години стари коски од мамут, пронајдени при патна изградба во 1960-тите. Но, сега ризикува да стане познат како „градот во кој никој не сака да биде градоначалник“. Проблемот започнал кога актуелниот градоначалник, Џорџ Вилијамс, по мандатот од 2021 година, објавил пензионирање, без да се јави некој заинтересиран за неговото место.
„Загрижувачко е, но верувам дека некој ќе се јави,“ изјавила Амбер Дашни, главен администратор во Кајл. Сепак, времето истекува – изборите се на 13 ноември, а досега ниту една од двете обиди за номинација не успеала.
„Ако никој не се пријави за функцијата, ќе се избере замена и ќе се распише нов датум за посебни избори, сè додека позицијата не биде пополнета“, потврдила Дашни.
Кајл е оддалечен 80 километри од Свифт Карент, шестиот по големина град во Саскачеван. Градот ја има маскотата „Воли“ – цементен мамут, како потсетник на историското откритие. Местото е познато по своето винтиџ кино на отворено од 1950-тите, кое се отвора секое лето, годишен турнир во одбојка на плажа и наскоро нов парк за кучиња.
Коментирај анонимно