Новооткриен вид на змија го доби своето име во чест на актерот Леонардо Ди Каприо – еве која е причината
Научниците во Западните Хималаи открија нов вид на змија со многу заби, која е именувана во чест на актерот Леонардо Ди Каприо, според истражување објавено на 21 октомври во списанието „Nature“. Видот, наречен „Anguiculus dicaprioi“ или „Хималајската змија на Ди Каприо“, се одликува со веќе познати карактеристики, но е потполно нова по своите генетски анализи.
Научниците го избрале токму Ди Каприоза оваа чест поради неговата долготрајна заложба за заштита на животната средина и подигнување на свеста за климатските промени и загубата на биодиверзитет. Оваа бакарна змија со должина од само 56 см има специфични обележја: кратка глава, големи ноздри, многу заби и затапен нос. Има и бледо сив појас околу вратот.
Змијата првпат била забележана во 2020 година, а досега е сретната само во Непал и индискиот регион Химачал Прадеш. Експертите веруваат дека може да преживее на надморска височина до 6.100 стапки, при што покажува необично однесување — останува неподвижна и без агресивен одговор.
Ди Каприо започнал со активизам за животната средина уште во младоста, објаснувајќи во 2016 дека бил длабоко погоден од исчезнувањето на видовите предизвикано од човекови активности. Неговиот интерес за проблемот дополнително се развил по средбата со поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, кој му објаснил дека ова е најсериозната криза со која се соочува човештвото.
Актерот ја основал „Фондацијата Леонардо Ди Каприо“ во 1998 година, која поддржува над 35 проекти за заштита на загрозени екосистеми и видови низ светот.
Коментирај анонимно