Инфлуенсерки се удавија за време на забава на јахта откако одбиле да носат елеци за спасување зашто ќе им ги уништеле селфињата

Двете инфлуенсерки, Алин Тамара Мореира де Аморим (37) и Беатрис Таварес да Силва Фариа (27), трагично го загубија животот во водите на Бразил откако нивната преполна јахта беше потопена од бран. Полицијата откри дека девојките одбиле да носат елеци за спасување со објаснување дека ќе им го уништат изгледот за сликање.

Алин Тамара Мореира де Аморим (37)

Речиси еден месец по несреќата, полицискиот комесар во Сао Винсенте, Маркос Александар Алфино, објави дека несреќата се случила поради преоптовареност на бродот, кој бил погоден од голем бран на враќање кон брегот. Според неговите зборови, некои од патниците не сакале да стават елеци бидејќи „снимале селфиња и сакаа да го задржат тенот“.

 

Беатрис Таварес да Силва Фариа (27)

Возачот на јахтата, кој е еден од петте преживеани, изјавил дека добил наредба да земе шест патници, иако капацитетот на јахтата бил максимум пет лица. Кога голем бран ја удрил јахтата на 29-ти септември, таа почнала да се превртува и тоне.

Прво било пронајдено телото на Беатрис како плови во морето, а подоцна и Алин, која била пронајдена на брегот на плажата Итаквитандува.

 

Полицијата сега истражува дали смртните случаи биле резултат на несреќен случај или можеле да се спречат. Комесарот Алфино објасни: „Сите околности се проверуваат внимателно за да се утврди дали овие загуби се резултат на невнимание или небрежност“.

Алин, која не знаела да плива, само неколку часа пред трагедијата објавила фотографии на социјалните мрежи во бикини на јахтата.

 

Локалните медиуми ги објавија имињата на преживеаните: Ванеса Одри да Силва, Камила Алвес де Карваљо, Даниел Гонсалвес Ферејра, Габриела Сантос Лима и Натан Кардосо Соарес да Силва.

Ванеса подоцна раскажа за медиумите дека се работело за забава на луксузна јахта со пријатели и инфлуенсери, каде што поминале ден крстарејќи и пиејќи. Кога се враќале, се поделиле во две групи, но една група наишла на бран кој го превртел бродот.

Ванеса раскажа како успеала да стави елек и да се држи до карпите: „Во еден момент во водата никој не можеше да види никого. Бев во борба за живот“.

Камила, друга преживеана, објасни дека држела елек во раце и се обидувала да се задржи на површината: „Брановите беа многу силни, речиси се удавивме. Не знаевме да пливаме. Бев на граница на силите, повредив нога и внесов многу вода. Се фрлавме на карпите за да преживееме“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • kire напиша:

    Samo taka za takvi glupachi…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *