Од губење на забите до слободно паѓање, ова се најчестите кошмари на луѓето – и начини како да се справите со нив
Многу луѓе се соочуваат со кошмари како паѓање, бегање или губење на забите. Истражување на „Америслип“, спроведено со 2.000 испитаници, покажа дека падот е најчестиот кошмар, пријавен од над 64% од испитаниците, а веднаш зад него се кошмарите како бегање, смрт и чувството на загуба. Други чести кошмари вклучуваат пропуштање на важен настан, парализа, пожар во домот и губење на заби.
Соништата обично се реакција на стрес, лекови, ментални состојби или неквалитетен сон, но некои кошмари може да имаат специфични причини. Бегањето, кое го сонуваат над 63% од луѓето, според авторката и едукаторка д-р Лесли Елис, е поврзано со природниот одговор на „бегај или бори се“. Експертите веруваат дека ваквите соништа ја рефлектираат потребата за избегнување конфликти или други стресни ситуации.
Губењето заби, кое го сонуваат околу 34% од испитаниците, може да биде резултат на стрес, негативна слика за себе или страв од правење грешка. Според терапевтката Меган Харисон, „забите се симбол на гордост и сила“, па овој сон може да значи чувство на несигурност.
Најчестите кошмари, според истражувањето, вклучуваат:
- Паѓање – 64,7%
- Бегање – 63,3%
- Смрт – 54,9%
- Чувство на загуба – 53,8%
- Заробување – 52,4%
- Напад – 49,5%
- Пропуштање на важен настан – 43,7%
- Будење доцна – 42,6%
- Смрт на близок – 35,8%
- Повреда – 35,1%
- Губење заби – 34,3%
- Природна катастрофа – 31,9%
Специјалистката д-р Дебора Ли препорачува пет методи за намалување на кошмарите, како избегнување на сината светлина од екраните, читање книги и користење на методот на дишење „4-7-8“. За зачестени кошмари, препорачува пишување дневник за анализа на можните причини.
Коментирај анонимно