„Ураган за малку ќе ми ја уништеше свадбата – еве го чудниот начин на кој го спасив денот“
Фантазијата на Меган Арчард за совршена венчавка во Ешвил, Северна Каролина, речиси беше уништена од ураганите Хелен и Милтон. Но, за среќа, 50 непознати луѓе го спасија нејзиниот посебен ден откако се појавија на настанот кога поканетите гости не можеа да дојдат.
„Верувале или не, не знаевме половина од луѓето што беа таму,“ изјави Арчард за Queen City News. „Можеби тоа не беше денот што го замислував — но беше совршен“.
Арчард и нејзиниот сопруг Ерик се венчаа на 13 октомври — само две недели откако ураганот Хелен направи катастрофа во Ешвил.
Првично, парот планирал да се венча во октомври минатата година, но ја одложиле свадбата откако дознале дека го очекуваат своето прво дете.
После Хелен — ураган од категорија 4 кој предизвика најмалку 228 жртви и речиси 88 милијарди долари штета — Арчард веруваше дека ќе мора повторно да ја одложи свадбата.
„Беше како ролеркостер од емоции,“ објасни мајката на едно дете. „Од една страна, планиравме свадба две години и сакавме да се случи, а од друга… што е морално исправно? На крајот, по две години, за мене, тоа беше само свадба,“ рече таа. „Без разлика дали ќе се случеше или не, само сакав да се уверам дека сите ќе бидат добро“.
Но, се било платено и угостителите, цвеќарите, фотографите и музичарите кои биле најмени инсистирале свадбата да продолжи како што е планирано.
„Тоа беше пресвртниот момент за мене,“ изјави невестата.
Но пред да тргне по патеката, настана уште едно природно невреме.
Ураганот Милтон стигна до брегот на Флорида на 9 октомври — четири дена пред свадбената церемонија на Арчард.
Овој ураган од категорија 3 спречи десетици од 100-те поканети гости да патуваат од Флорида до Северна Каролина за свадбата.
„Бевме добро, а потоа повторно се соочивме со пречка,“ рече Арчард. „Си помисливме, ‘Што се случува?,’ и тогаш ни дојде идеја да поканиме непознати луѓе да дојдат на свадбата.“
Наместо да ја откаже церемонијата, Арчард решила да покани 50 непознати луѓе од работа на нејзината мајка да го пополнат просторот.
Тие непознати беа всушност хероите од здравството од болницата „Mission“ во Ешвил, каде што работи мајката на Арчард како медицинска сестра. Во тоа време, мајката на невестата и нејзините колеги работеа без престан повеќе од две недели, грижејќи се за луѓето по ураганот Хелен. „Беше многу тежок месец,“ рече медицинската сестра Пејџ Јанкин, која, заедно со неколку десетици колеги, ја прифати можноста да дојде на свадбата на Арчард, иако претходно не ја познаваа.
„Беше прекрасно.Не само што можевме да се дружиме, облечеме и забавуваме. Туку имавме и можност да уживаме и да славиме со невестата и младоженецот“. – рече Јанкин.
И за разлика од повеќето невести кои би ги третирале непознатите гости — или неканетите кои дошле за бесплатна храна и пијалоци — како досадници, Арчард ги третираше Јанкин и нејзините колеги како холивудски ѕвезди.
„Ги нарековме холивудски статисти. Тоа беше нивниот прекар цела вечер.“
„Приоѓав и им велев, ‘Ти мора да си холивудски статист. Јас сум Меган, мило ми е што се запознавме,’“ продолжи Арчард, која им се заблагодари на непознатите што ја одржуваа забавата.
„На крајот сè беше лесно и забавно. Тие никогаш не го напуштија подиумот за танц“.
Коментирај анонимно